Се препорачува OCUhyl C вештачките солзи да ги користите 1-3 пати дневно по 1 капка. Но ако честопати чувствувате непријатност во очите, OCUhyl C може да се користи и почесто.
OCUhyl C може да се користи до 3 месеци по отворањето. Ви препорачуваме на предвиденото место на кутијата да го напишете датумот на првото отворање на производот.
OCUhyl C содржи хијалуронска киселина или натриум хијалуронат, кој има многу голема способност за задржување на вода. Moжe да врзе вода дo 1000 пати поголема тежина. Значи, спречува испарување на солзите од површината на окото. Исто така, помага во промовирање на обновувањето на епителот на окото. Покрај хијалуронската киселина, содржи природен екстракт на невен кој има заштитно, противвоспалително и регенеративно дејство на епителот на окото.
Да, всушност премногу солзните очи исто така се знак за синдромот на суво око, но со различни манифестации. Солзниот филм се состои од 3 слоја, слој на слуз, воден слој и липиден слој. Кога липидниот слој не е доволно создаден (преку Меибомова жлезда), рефлектирана реакција на окото е создавање на повеќе солзи, а тие не можат да останат во очите, поради недостаток на липиден слој.
Хијалуронската киселина ја врзува водата и ја задржува во очите, па така OCUhyl C помага кај овој вид на проблеми.
Дa, OCUhyl C може да се користи и често се препорачува за употреба по операција, поради своите заштитни својства на површината на окото.
Дa, OCUhyl C погоден е за лицата кои носат контактни леќи, затоа што не содржи никакви конзерванси и многу е нежен за очите.
Нe, OCUhyl C се вештачки солзи комплетно без конзерванси. Има специјално дизајнирано шишенце со систем кој спречува воздухот да дојде во каков било контакт со производот во шишето – и на тој начин се спречува бактериска контаминација и расипување на производот.
Дa, OCUhyl C може да се користи со друга терапија, особено со терапијата за глауком, единствен услов е да се почека најмалку 5 минути меѓу давањето на различни производи.